Небото над Македонија исполнето со змејови: Европско и Светско првенство во Змејарство ни гостуваат летово во Крушево

Небото над Македонија исполнето со змејови: Европско и Светско првенство во Змејарство ни гостуваат летово во Крушево

European Gliding Championship
Воздухопловната Федерација нa Македонија (ВФМ) ќе биде организатор на 20-то Европскопрвенствовозмејарствокласа 1 (Hanggliding) и 8-мо Светско Првенство во змејарство класа 5 (Rigid wings)во дисциплината крос кантри. Натпреварите ќе се одвиваат во Крушево и Пелагонискиот регион од 8 до 21 јули 2018година. Стартните локации ќе бидат во Крушево на Мечкин Камен, а во регионот на Прилеп,с. Кривогаштании регионот на Битоласе предвидени местата за слетување и крај (цел) на трките. Практично во периодот од 8-ми јули до 21-ти јули 2018 година, Пелагонискиот Регион, а посебно Крушево ќе биде арена во која што ќе се натпреварува светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат ќе биде во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу300 учесници, пилоти и официјални гости кои што ќе престојуваат две недели во Крушево за време на натпреварите. Овие две големи првенства ја ставаат Македонија на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање од Европа и ширум светот. Тоа претставува одлична можност за промоција на нашата земја не само како туристичка, туку и како дестинација со одлични услови за слободно летање, особено за организирање на натпревари од висок ранг. Поддржувачи на настанот: Агенција за Млади и Спорт НЛБ Банка АД Скопје Агенција за Поддршка и Промоција на Туризмот Општина Крушево Корисни линкови: http://hgeu2018.mk/ https://www.youtube.com/watch?v=AdqdlnhhQGA