Пола милион евра за развој на туризмот во Крушево

Пола милион евра за развој на туризмот во Крушево

Krusevo
Paragliding Krusevo

Општина Крушево е првата општина во Македонија чија апликација беше прифатена од Европска унија и Светска банка, дел од Проектот за локална и регионална конкурентност. Грантот е во износ од 500 000 евра а проектот е дел од ИПА 2 програмата ЕУ.

Krusevo

Проектот опфаќа реконструкција на спортската сала во Крушево, поставување знаци и информативни табли, сувенирници, обележување на патеки за пешачење и планински велосипедизам, опрема за спасување, возило за транспорт на повредени во текот на одржување на параглајдинг антпреварите, возило со 18 седишта за пилотите, градење на капацитети на засегнати страни, организирање настани како Крушево опен 2019, Во недопрената природа на точак - Крушево 2018.

Sports Hall Krusevo

Реконструкција и проширување на употребата на спортската сала е можеби централниот дел на проектот, заедно со двете возила за потребите на организирање на параглајдинг настаните на Мечкин Камен. Сепак, поставување знаци и информативни табли кои ќе ги насочуваат посетителите кон историските споменици и туристичките атракции кои се исто така важен дел од овој проект. На Крушево му недостасуваат ваков вид на информирање за посетителите и дел од локалитетите се непознати за туристите.

Nikola  Martinoski Gallery

Исто така голем дел од Проектот зазема промоцијата, маркетинг и комуникација/ Крушево, благодарение на овој проект, ќе се посвети на претставување на атракциите пред пошироакта јавност и ќе ги промовира настаните кои ќе се одржуваат во Крушево, не само во летниот период туку и преку цела година.

Krusevo

Очекуваните резултати од Проектот за локална и регионална конкурентност се попрофесионална организација на меѓународните параглајдинг натпревари во Крушево, популаризирање на авантуристичкиот туризам во Крушево и поттикнување на локален економски развој кој ќе отвори работни места и целокупен развој на овој мал град.