Храна

Krusevska Odaja Restaurant

Крушевска одаја

Крушевска одаја е едно од поновите ресторани во Крушево кој претставува слика на традицијата, етно стилот и сеќавање на славното минато на Крушево. Со локација блиску до спомен куќата Тодор Проески и историското место Гумење нуди вистинско чувство на наследство збогатено со вкусот на готвената храна и рецептите кои го прават ова место препознатливо.

Дознајте повеќе за Крушевска одаја:
https://www.facebook.com/najdobrotoodkrushevo/

Pizza Skar Krusevo

Пицерија Скар

Пицерија Рома е еден од најпопуларните пица ресторани во Крушево. Нуди вистински традиционално крушевски амбиент и вкусна традиционална храна.

Староградскиот амбиент прави да се чувствувате како дома заедно со вкусот на традиционалната храна како пита  или топено сирење подготвено на уникатен начин и различни видови даски. Скар е посетуван и за кафе или пијалок пред одење на забава во клубовите за викенд вечерите.  

Можете да го посетите Скар за појадок, ручек или вечера и заедно со тоа може да го додадете вкусот на македонските вина. 

Guest House Marcelo

Гостилница Марчело

Гостилница Марчело нуди кебап со уникатен вкус кој што препознатлив во регионот. Кебабот ВО Марчело е дел од традиционалната храна на Крушев, и рецептот за подготовка е обележје на Крушево, 

Покрај кебап можете да пробате различна храна во оваа гостилница: топено сирење, крушевско грне, салата, пица и др. Згора на тоа, секоја сабота во Марчело има забава со жива музика. 

Следете ја гостилница Марчело на Фејсбук:

https://www.facebook.com/Gostilnica-Marchelo-159987067696674/

Pizza Alla Igor

Пицерија Ала Игор

Пицерија Ала Игор е место каде што покрај пицата можете да пробате различни видови на сендвичи со лепче направено на домашен начин. Се наоѓа во центарот на градот непосредно до двата локали за ноќен живот и е многу популарно за младите, но и во претпладневните часови кога луѓето вработени во локалните институции и продавници купуваат храна од таму. 

Следете ја пица Ала Игор:
https://www.facebook.com/Alla-Igor-487281111352237/ 

Pizza Restaurant Roma

Пица ресторан Рома

Рома - пица ресторан каде што покрај храна како пица или топено сирење може да пробате различни видови на месо, како крушевски колбас, црвено место, риба, вегетаријанска и веганска храна. 

Исто така, како и во многу места во Крушево, жителите излегуваат во Рома само за кафе. 

Пица ресторанот Рома поседува и тераса која посетителите ја користе претежно во лето.