Гитар фестивал Крушево

Започнува на
Завршува на
Guitar

Гитар фестивал Крушево (Guitar Festival Krusevo) е меѓународен фестивал за гитара кој вклучува мастерклас предавања и концерти на меѓународно признати професори и артисти.

Настанот започнува на 24-ти јуни со концерт на професорот Борче Наумоски. Вториот ден, 25-ти јуни, професорот Срџан Тошиќ ќе одржи мастерклас предавање, а професорот Слободан Миливојевиќ ќе има свој концерт.

Третиот ден започнува со мастерклас предавање на професорот Миливојевиќ, потоа концерт на Срѓан Тошиќ и затворање на фестивалот.

Настанот е инициран од локален музичар и професор по музичко образование и ова е втор пат како овој настан се одржува.