Dining

Ethno Guest House

Етно гостилница

Етно гостилница е место опкружено со етно елементи и специјалитети на скара. Овде, меѓу другите специјалитети, можете да пробате кебап и плескавица заедно со чаша македонско пиво.

Следете ја Етно гостилница:
https://www.facebook.com/etnogostilnca/

 

Guest House Marcelo

Гостилница Марчело

Гостилница Марчело нуди кебап со уникатен вкус кој што препознатлив во регионот. Кебабот ВО Марчело е дел од традиционалната храна на Крушев, и рецептот за подготовка е обележје на Крушево, 

Покрај кебап можете да пробате различна храна во оваа гостилница: топено сирење, крушевско грне, салата, пица и др. Згора на тоа, секоја сабота во Марчело има забава со жива музика. 

Следете ја гостилница Марчело на Фејсбук:

https://www.facebook.com/Gostilnica-Marchelo-159987067696674/

Pizza Restaurant Roma

Пица ресторан Рома

Пица ресторан РОМА е еден од најпознатите ресторани во Крушево. Претставува место со убава атмосфера, прекрасна храна и врвна услуга. Од вештите раце на нашите мајстори може да ги вкусите најубавите пици, надалеку познатите - топено сирење, крушевското грне, рома грне , може да ги пробате различните видови на специјалитети од месо, риба, скара, тестенини од нашето богато мени.

Restoran Shape Krusevo

Ресторан Шапе

Ресторан Шапе

Историја долга повеќе од 35 години, вкусот на македонската традиција, амбиент за боеми, сето тоа на едно место направено со многу љубов од рацете на врвни мајстори.

Нашата кујна ќе ве одушеви, ќе ви понуди незаборавна перспектива на македонската национална кујна. Беспрекорна услуга комбинирана со одличен и широк избор на свежо припремена храна, традиционални и интернационални јадења, предјадења, широк избор на пијалоци и десерти.

Започнете ја вашата авантура со нас.
 

Pizza Alla Igor

Пицерија Ала Игор

Пицерија Ала Игор е место каде што покрај пицата можете да пробате различни видови на сендвичи со лепче направено на домашен начин. Се наоѓа во центарот на градот непосредно до двата локали за ноќен живот и е многу популарно за младите, но и во претпладневните часови кога луѓето вработени во локалните институции и продавници купуваат храна од таму. 

Следете ја пица Ала Игор:
https://www.facebook.com/Alla-Igor-487281111352237/ 

Krusevska Odaja Restaurant

Крушевска одаја

Крушевска одаја е едно од поновите ресторани во Крушево кој претставува слика на традицијата, етно стилот и сеќавање на славното минато на Крушево. Со локација блиску до спомен куќата Тодор Проески и историското место Гумење нуди вистинско чувство на наследство збогатено со вкусот на готвената храна и рецептите кои го прават ова место препознатливо.

Дознајте повеќе за Крушевска одаја:
https://www.facebook.com/najdobrotoodkrushevo/

Pizza Skar Krusevo

Пицерија Скар

Пицерија Скар е еден од најпопуларните пица ресторани во Крушево. Нуди вистински традиционално крушевски амбиент и вкусна традиционална храна.

Староградскиот амбиент прави да се чувствувате како дома заедно со вкусот на традиционалната храна како пита  или топено сирење подготвено на уникатен начин и различни видови даски. Скар е посетуван и за кафе или пијалок пред одење на забава во клубовите за викенд вечерите.  

Можете да го посетите Скар за појадок, ручек или вечера и заедно со тоа може да го додадете вкусот на македонските вина.