featured

Параглајдинг: Krusevo Adventure Open 2018

Започнува на
Завршува на
Paragliding Krusevo

Натпреварот е организиран од локалниот параглајдинг клуб во Крушево и оваа години се организира по втор пат.

Започнува веднаш по Озно Опен (22.07.-28.07.2018) на 29-ти јули и се затвора на 4-ти август, 2018 година.

paragliding 2018

 

Monument Ilinden

Споменик Илинден

Изграден на историското Гумење споменикот Илинден е откриен на 2-ти август 1974 и денес го посетуваат стоитици и илјадници посетители од Македонија и Европа. 

Споменикот е симбол на борбата и непокорот на македонскиот народ, а внатрешноста на објектот симболично ја претставува маката на македонскиот народ за независност. Исто така, околината на споменикот ги симболизира загубените животи на многу борци. 

Крушево - ко шо го глеам јас...

Krusevo
Е тоа ти е бачко рај на земјата. Од кај да почнам да зборам за Kрушево, а да не пропуштам нешто важно . Ај од сам почеток, а тоа ти е Скопската автобуска од кај шо си фаќаш комбе. Запамти го последниот здив шо си го земал скопски воздух зашо тоа понатаму многу ќе биде важно. И така тргнуваш, едно 3 саати клацкање у комбе,ама како викаат .... ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА. Стигаш Крушево и сеа шо се дешава? Првиот воздух шо ке го вдишеш не се опишува, тоа треба да се доживее. Ладен грст свеж планински воздух ти проаѓа низ гради а само до пред 3 саати си дишел скопски смог и прашина.

Што им треба на младите во Крушево?

IYCKr

Социјалниот живот во Крушево некогаш знаел да биде навистина на ниско ниво. Без кафулиња, вечерни забави, ресторани, спортски игралишта, култура и различен тип на настани кои се исклучиво посветени на слободното време и неформалното образование. 

Добредојдовте во Крушево

Krusevo

Добредојдовте на Krusevo.mk. Извор на сите информции кои што би Ви затребале за Крушево. Како да стигнете тука, каде да престојувате, што да јадете, што да посетите и што да правите.

Низ оваа платформа ќе можете да го остварите Вашето патување до Крушево и да се вратите со импресии за повторна посета.

Pizza Alla Igor

Пицерија Ала Игор

Пицерија Ала Игор е место каде што покрај пицата можете да пробате различни видови на сендвичи со лепче направено на домашен начин. Се наоѓа во центарот на градот непосредно до двата локали за ноќен живот и е многу популарно за младите, но и во претпладневните часови кога луѓето вработени во локалните институции и продавници купуваат храна од таму. 

Следете ја пица Ала Игор:
https://www.facebook.com/Alla-Igor-487281111352237/ 

Крушево е подготвено за параглајдинг натпреварите, лето 2018

Paragliding Summer 2018

Општина Крушево во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Воздухопловната федерација на Македонија ќе работат на промоција на Европското првенство во змејарство кое започнува на 8-ми јули и ќе трае до 21-ви.

Во периодот што следи ќе се одржат неколку прес конференции, ТВ рекламирање и Фејсбук кампањи посветени на Европското првенство во змејарство.

За локалната самоуправа поддршката од Федерацијата и Агенцијатаа е од голема важност за организација за ова првенство. 

When in Krusevo 2017 ДЕН 1

When in Krusevo

When in Krusevo е фестивал на отворено кој за прв пат се одржа минатата година од 4-ти до 6-ти август и организаторите веќе работат на вториот дел од фестивалот оваа 2018 година.

Се работи за настан кој вклучува кампување, планински велосипедизам, планинарење, параглајдинг, музички ноќни настани во природата околу Крушево. 

Ви претставуваме кратко резиме од првиот ден.

Спортот во Крушево е амбасадор на градот

Krusevo

Спортот е еден од адутите на Крушево во процесот на промоција на градот, но и покажување на сестраната успешност на ова место на 1 250 метри надморска висина. Во Крушево функционираат неколку спортски клубови од различни спортови и покрај тешката финансиска состојба на секој од нив тие имаат историја на постоење, учествување на натпревари и нижење на успеси, кои истовремено се успеси на градот.

Истражи ја уникатната архитектура на Крушево

Unique Architecture Krusevo

Многу куќи во Крушево дури и денес ја зачувале уникатната архитектура во која преовладува сината боја. Се верува дека доминантната сина боја е наследство на крушевските печалбари во Грција. Исто така, во некои домови преовладува жолтата боја за што се верува дека е наследство напечалбатите во Романија. 

Unique Architecture Krusevo